БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев: Зошто Македонија имаше такви рестриктивни мерки овие 2 месеци, кога бројката е иста и денеска?!?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Владата во обид да копира мерки на другите држави, без притоа да го земат фактот дека бројот на заболени во Македонија не опаѓа, па Оливер Спасовски во обид на сериозен премиер ја убедува јавноста дека состојбата со епидемијата е под контрола, а бројот на активни случаи е стабилен.

Само да ги потсетам СДСМ, Заев и Спасовски дека завчера 1 лице почина, а 16 нови се заразени.

Мерките се укинуваат, а економијата е во колапс. Избркани луѓе на улица, огромни штети по стопанството, штети по бизнисите, додека само бизнисите на луѓето блиски на Заеви цутат. Го задолжија народот за апетисани, морски плодови, виски и сортни вина во влада… буџет за плати на СЈО си поделија… и се тоа во ек на пандемија… а, респираторите еве веќе 3 месеци кај и да е – ќе стигнат? Или не?!?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И лицемерието на Заев и СДСМ продолжува!
Ги повикувам јавно да одговорат Зоран Заев и Оливер Спасовски, зошто Македонија имаше такви рестриктивни мерки овие 2 месеци, кога бројката е иста и денеска?!?

Дали СДСМ намерно ја турка јавноста под “розови очила” за да го оправдаат барањето за избори на Зоран Заев, без воопшто да знаат како ќе ги организираат истите и како ќе се заштитат граѓаните?

Одговорност мора да има!

Креирано од:


Пренеси го гласот