БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали Радмила Шеќеринска намерно објавува класифицирани информации и зошто?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во синоќешното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” Полковникот Драган Ковачки ја обвини Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска дека објавила на социјалните мрежи класифицирани информации со кои се оддаваат армиски тајни во јавноста.

Драган Ковачки реагираше во емисијата на националната телевизија во врска со мапата којашто беше објавена од страна на министерката на одбрана Радмила Шеќеринска, за зоната на одговорност на Третиот пешадиски батаљон, мапа која открива дел од позициите на тој батаљон, со што вели дека не само што е направена грешка туку е направен и упад во воениот систем.

“Класифицираните податоци и нашиот однос кон нив за зоната на одговорност од класифицирани планови како дел од Армијата, и оваа мапа која е прикажана на фејсбук страницата на министерката на одбрана, како војник кога ќе погледнете ќе увидите дека има определени правци коишто се претставени таму. Ова се класифицирани работи и односот кон нив мора да биде на највисоко ниво, изработувачот на актот го има изработено ова како степен на доверливост, “

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-појасни Ковачки.

Тој вели дека мапата сеуште стои на фејсбук страницата и покрај неговото инсистирање кон министерката да се отстрани мапата, поради тоа што станува збор за кривично дело казниво со казна затвор, таа сеуште стои.

Ковачки истакна дека не само што не смеете во оваа просторија каде што е мапата да внесувате фото и фоно уреди, а камо ли да ја сликате, да ја изнесете и да ја објавите во јавност доверливата мапа.

“Било кој да го направи истото ќе му биде покрената дисциплинска постапка, и ќе му биде одземен безбедносниот сертификат и ќе му биде покрената кривична постапка, без разлика дали станува збор за министер сите ние мора да ги почитуваме законите, “

-заклучи на крајот по ова прашање Полковникот Ковачки.

Прашањето кое се наметнува во јавност е дали ваквото оддавање на класифицирани информации во јавност од страна на Радмила Шеќеринска е направено од незнаење или намерно и поради кои цели?

Креирано од:


Пренеси го гласот