БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Пренеси го гласот

Апел до граѓаните да заокружат 5 и да дадат што поголем број пратеници на Левица со цел да дадат поголема шанса на млади, неподмитливи луѓе во Собранието – ова е една од пораките на претседателот Апасиев, вечерва од Штип.

,,Целта на Левица на овие Избори е да го кутне сдс под 20 и, конечно, да ја пасокизираме сдс. Тоа се прогнозите, тоа се реалните очекувања и оваа теренска кампања тоа го покажува”, истакна Апасиев.

Она што се случи на Претседателските избори, за Левица е очекуван резултат, со оглед на тоа дека со претседателски кандидат се учествува првпат.

,,На Парламентарните очекуваме солиден резултат со којшто ќе овозможиме моќта на уценување од албанските необалистички партии да премине, конечно, во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот наспроти сите антимакедонски сили коишто сакаат да внесуваат Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни парламенти, да менуваат Устав со кој ќе се бришат 20% и ќе влегува друг официјален јазик… Против сето тоа единствен бранител ќе биде Левица”, истакна Апасиев.

Левица пред штипјани ја претстави и својата програма, којашто е единствена различна од сите други програми.

,,Само ние имаме програма со централно планирање, затоа што ние имаме Централна планска агенција, којашто треба да ја развие државата рамномерно, тоа што никој друг го нема. Со силни државни капацитети планираме сите дистрибутивни мрежи да ги национализираме. Јас зборувам за електродистрибутивната мрежа, за нафтената мрежа, зборувам за интернетот итн. Целта е и обичниот човек да види бенефит”, рече носителот на ИЕ3, Борислав Крмов од Штип.

bregalnickimarketing

На народниот собир се обрати и Александар Симонов, коносител на листа на ИЕ3:

,,Планираме воведувањето на прогресивниот данок, како и ограничувањето на каматните стапки, укинувањето на извршителите останува една од главните определби кои имаме намера да ги воведеме со цел да ги заштитиме работниците, кои најчесто се класа на луѓе кои страдаат од овие неправди”.

Креирано од:


Пренеси го гласот