БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На седница на делчевскиот совет повторно гордо “огреаа” Македонските сонца

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денешната седница на Советот на Општина Делчево беше свечено украсена со повеќе знамиња на Република Македонија.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” на своите плеќи како и на масите и столовите пред себе кои ги користат во рамки на седниците на Советот го поставија симболично Македонското знаме чии што бои впечатливо доминираа во целиот ентериер на седницата.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и Претседател на Општинскиот Комиотет на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски на социјалните мрежи пренесе повеќе фотографии од ваквиот приказ со свој краток коментар:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Македонските сонца ќе ја огреат слободата на Делчево! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

На фејсбук страницата на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Делчево исто така овој настан беше одбележан со фотографии и кратка објава:

Нашата Советничка група на денешната седница на Совет на Општина Делчево јавно им се заблагодари на нашите сограѓани за поддршката која и ја дадоа на нашиот кандидат за Претседател на Република Македонија Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова во првиот круг на претседателските избори, како и за фер и коректната свест за време на истиот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace