Во низа на твитови мотивирани од резултатот на вчерашниот референдум , поранешниот амбасадор на Република Македонија во ОБСЕ и во ОН, Арсим Зеколи истакна доста интересни твитови во врска со не успешниот референдум на владата. “САД и ЕУ се во состојба на длабоко негирање на мрачната реалност, која помогнаа да се создаде со нивната арогантност и елитизам. Овој пат луѓето гласаа против криминалот – корупцијата. Продолжете така, па наредниот пат ќе гласаат против вас.”
„Не значи не – му кажа Македонија на светот. Вашите усти велат НЕ, но колковите изговараат ДА, ни одговара западот“ „Ова е црвен картон за корупцијата и „тоа-па-тоа“ политиките. Најверојатно ќе им требаат неколку дена да ја сфатат лекцијата од аматерските политики кои произлегуваат од потценувањето на електоратот“
-Напиша на својот „Твитер“ профил аналитичарот Арсим Зеколи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист