Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 – Скопје, 20 април 1982) — истакнат македонски поет, академик и преведувач.
Тој е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 год., прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата, претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија и претседател на Сојузот на писателите на Југославија. Член на Македонска академија на науките и уметнстите (МАНУ) од нејзиното основање (1967). Член на Македонскиот ПЕН центар. Прв директор на издавачката куќа Кочо Рацин од Скопје, Ацо Шопов бил и долгогодишен директор на издавачката куќа Македонска книга, како и главен уредник на повеќе списанија меѓу кои и сатиричниот весник Остен. Амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971 – 1975), Ацо Шопов ја завршува својата кариера како претседател на Републичката комисија за културни врски со странство.
Автор на првата повоена книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни (1944), Ацо Шопов има објавено тринаесет збирки поезија и исто толку избори од поезијата на македонски јазик, како и петнаесетина избори препеани на странски јазици.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера