БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јавен повик за невработени лица во општина Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кочани, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 11.06.2024 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Доверба“  за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица активни баратели на работа .

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

Х долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)           Х  млади лица до 29 години Х  лица постари од 50 години Х    лица корисници на гарантирана минимална помош Х    лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност Х лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа Х  жртви на семејно насилство Х  лица со попреченост X жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници x лица припадници на ромската етничка заедница Х самохрани родители Х родители на деца со пречки во развојот Х родители на 3 и повеќе деца x лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Негувател на деца од предучилишна возраст  Работа со деца од предучилишна возраст согласно упатствата и  стандардите на Програмата на ЈОУДГ „Павлина Велјанова’: нега и грижа за децата, помош во спроведување на воспитно-едукативни активности. Помош при нега и грижа на деца од предучилишна возраст: помош при хранење, успивање,прием  на децата во градинка, помош при присособување и сл.

Позиции за работно место 1: 5 (пет)  

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: (Активни баратели на работа, со завршено ССС  и  претходно стекната лиценца за работа)

Работно место 2: Посредник /давател на услуга  во центар за донации (Ова работно место подразбира дежурство  во Центарот  за  донацијаКкочани раковоен од ЗСЗЗ Благородна мисија“ :  Посредување  при донирање  на  стари работи : облека, обувки, покривки, постелнина,садови за домаќинство и друго. Прием на донираните работи, доделување на донациите на корисниците на услугите, давање  можност да си изберат што им е потребно од донираните работи. Одржување на ред во центарот за донација, диплење и пеглање на донираната облека, сортирање и прилагодување на истата спрема потребите на корисниците),

Позиции за работно место 2: 2 (две)

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: (Активни баратели на работа, со завршено  ССС, предност ќе имаат членови на здружението „Благородна мисија“)

Работно место 3: Фасилитатор за социјални прашања ( Лице кое ќе биде посредник помеѓу социјално загрозените лица и институциите . Ќе ги инфромира и упатуива, ќе им помага во прибирање на документација и поднесување на соодветни барања за помош, ќе им пополнува барања на оние кои не се во можност самите да го сторат тоа).

Позиции за работно место 3: 1 (едно)

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: (Активни баратели на работа со завршено  ССС/основно образование)

Работно место 4 : Негувател на лица со попречност (Негувателите  ќе имаат за задача да му помагаат на лицето со попреченост во извршување на секојдневните активности: подготовка, на храна, лична хигиена,одржување на  хигиена во домот, прошетка, пазарење, плаќање сметки, помош околу одење на болница ,  социјализација и дружење и сл).

Позиции за работно место 3: 3 (три)

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: ( Активни баратели на работа  со завршено ССС/основно образование)

Работно место 5 Фасилитатор за олеснување пристап до обраозвание на ромски деца (Да  им помага на децата Роми во совладување на македонскиот јазик, во социјализацијата,, запознавање со основни, воспитно -едикативни активности и сл. во ОУ “Раде Кратовче во Кочани“)

Позиции за работно место 3: 2 (две)

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: (Активни баратели на работа  со завршено ССС/ВСС  образование, лицето треба добро да ги владее и ромскиот и македонскиот јазик)

Работно место 6: Личен асистент (Да му помага на детето со пречки во развојот во пишување на домашните задачи, подготовка и одење на училиште и  други потреби во домот).

Позиции за работно место 3: 1 (едно)

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: ( Активни баратели на работа  со завршено ССС  образование)

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување КОЧАНИ во периодот од 11.06.2024 година до 18.06.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина КОЧАНИ  и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кочани кај лицето Аника Илијевска Ѓорѓиева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани кај лицето Драгица Санданска,  Центар за социјлна работа Кочани кај лицето Дејан Лазаров.

Извор: Општина Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace