БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Азир Алиу: Преку алатката „Отворен кабинет“ градиме здравствен систем што зборува со граѓанинот, делува со интегритет и се води од доверба

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за здравство Азир Алиу во врска со своите определби за градење на повисоко ниво на доверба со граѓаните и корисниците на услугите на здравствениот систем во државата, во јавноста ја претстави новата веб страница на министерството која што ja содржи функцијата “Отворен кабинет” преку која што граѓаните можат да бидат во директен контакт со Министерот Алиу и неговите најблиски соработници во неговиот кабинет.

“Вистинската реформа почнува тогаш кога институцијата престанува да зборува сама со себе – и почнува да го слуша народот со отворен ум и јасна намера за промена. Затоа, денес не претставуваме само нова веб-страница, туку создаваме институција што слуша и реагира. Преку алатката „Отворен кабинет“, секој граѓанин може директно да закаже средба со мене, секој петок, без бариери и без бирократија. Лице в лице, човечки разговор – со почит, одговорност и подготвеност за конкретни решенија.

Првите 15 термини веќе се резервирани. Ова е доказ дека граѓаните имаат што да кажат, и конечно имаат каде да бидат слушнати. Јас сум тука да ги слушнам. Оваа иницијатива не е само услуга. Таа е став. Став дека здравството не смее да биде затворен систем, туку жив организам што комуницира, систем што вклучува и реагира навреме.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Здравство што комуницира, вклучува и реагира“ – не смее да биде само слоган. Тоа е јавна обврска. Обврска што јас како министер ја прифаќам со целосна одговорност – и секојдневно ќе ја исполнувам со работа, отчетност и лично присуство. Ова е мојата визија како министер: Да изградиме здравствен систем што зборува со граѓанинот, делува со интегритет и се води од доверба. Систем што не се води од впечаток, страв или политички притисоци – туку од точни податоци, реална анализа и вистинските потреби на населението. Систем што не се плаши од вистината, не се губи во бирократија и никогаш не го заборава човекот – како причина зашто постои самиот систем.”

-стои во соопштението упатено до јавноста по повод овозможувањето на новата дигитална алатка за граѓаните.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace