Здружението „Сумнал“, во рамките на БИТ ФЕСТ, пред битолчани ја претстави уникатната, Бајса Арифовска која настапи со своите соработници Душко Геориевски – познат вокален интепретатор на македонската естрада и пошироко, инстументалист на флејта, Ратко Даутовски – перкусии и Орце Лазаров – електричен бас, со реализирање на преубава ромска музика, и традиционална Македонска музика.
Бајса Арифовска е уникатна во светот на македонската традиционална музика, свири најмалку на 15 инструменти, компонира, а 11 години беше професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, професор по народни инструменти.

Моментално работи како инструменталист и асистент на оркестарот во националниот ансамбл „Танец“. Досега одржала стотици концерти, остварила извонредни соработки со врвни уметници, а воедно е прва Ромка кај нас што компонирала музика за балет.
Станува збор за „Скршен сон“, што го напишала во 2009 година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта