БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Барање за јавно извинување од страна на Александар Митовски за искажаните лаги и манипулации во неговата емисија

Пренеси го гласот

Интегрален текст на соопштение упатено во јавноста од страна на сопственикот, главен и одговорен уредник на Брегалнички Портал:

Почитувани,

повеќемина мои пријатели ме информираа дека фотографија со мојот лик, принтскин од интернет портал кој што е во сопственост на приватна компанија во која јас сум Управител и Одговорно лице https://bregalnicki.mk и се искажани мои зборови, се искористени во емисија емитувана во живо на јутјуб и други социјални медиуми.

Притоа преку најдрски и вербални конструкции се пренесени крајно лажни и манипулативни информации кои што задираат во моите лични човекови права и слободи и мојата личност и работа со цел за да го ме навредат, да го нарушат мојот углед и кредибилитет и да предизвикаат создавање на невистинит приказ за мојот лик во јавноста.

Со оглед дека

-станува збор за употреба на авторски содржини кои подлежат на строго дефинирани авторски права, а се емитувани свесно и намерно без моја дозвола во комерцијална програма која прима финансиски средства за емитување за моите авторски содржини,

-и дека во оваа емисија јавно без никаква консултација со мене се искажани лажни информации, манипулации и вербални конструкции кои служат за да го нарушат мојот јавен углед, да ја деградираат мојата работа,

УПАТУВАМ ЈАВЕН АПЕЛ ДО АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ, СОПСТВЕНИК И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА ЕМИСИЈАТА “ТЕШКИ МУАБЕТИ” која се емитува на неколку социјални медиуми ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ИСКАЖАНИТЕ ЛАГИ И МАНУПУЛАЦИИ КОИ СЕ ИСКАЖАНИ ОД НЕГОВА СТРАНА ВО КОНТЕКСТ НА МОЈОТ ЛИК И РАБОТА А ЕМИТУВАНИТЕ СОДРЖИНИ ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ ОД ЈАВНОСТ.

Согласно актуелната законска регулатива е потребно извинувањето да биде направено на ист начин и со ист обем како што се изнесени лагите и манипулациите.

Дополнително

За предизвиканата финансиска штета околу употребата на авторските содржини сум во постапка за консултации со правни консултанти на кој начин да го регулираме авторското право, за што дополнително ќе излезам во јавност со свој коментар.

Новинарството е благородна професија која има основна цел да им служи на граѓаните во рамки на процесот за развој на вистинска демократија а вакви непрофесионални намерни постапки никому не му служат за добро.

Со почит
Кирчо Анастасов
Сопственик и Главен и Одговорен уредник на
https://bregalnicki.mk
Брегалнички.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот