БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пендаровски од Прилеп сееше страв со уцена за распарчување на Македонија во пресрет на референдумот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На вчерашната прес конференција на Силвана Ангелевска од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, настапот на Стево Пендаровски пред битолчани како дел од кампањата на Власта за промена на името и Уставот на Република Македонија го окарактеризира “како сеење на страв од типот на промена на границите и распарчување на Македонија”

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Силвана Ангелевска во целост:

Во текот на вчерашниот ден во Битола беше испратен во неуспешна мисија од своите ментори Заев и Шеќеринска господинот Стево Пендаровски. Сите ние бевме сведоци дека се обиде со лажните тези за сеење на страв од типот на промена на границите и распарчување на Македонија да ги затскрие криминалните тендери вредни милиони евра и злоупотребата на народните пари од страна на власта.

Европските вредности не подразбираат сеење на страв, закани и уцени. Европските вредности не подразбираат делење на милионски суми на пари во четири очи без тендер и вработувања на најблиски роднини и пријатели во државните институции. Европските вредности не поздрабираат корупција, уништување на економијата, правосудниот систем, здравството, образованието, земјоделието.

ВМРО ДПМНЕ е првата партија во Република Македонија со програмска определба за влез во НАТО и ЕУ, но никогаш нема да прифатиме асиметричен и предавнички договор со нашиот јужен сосед кој е на апсолутна штета на Македонија, на нашиот идентитет, историја и култура. Јазикот, националноста, државјанството и идентитетот се стекнати права и чувства и не може да бидат предмет на уредување со билатерален договор.

Во тој срамен договор Република Македонијаза жал само се нарекува „втората странa”.

За влез во ЕУ и НАТО нам ни се потребни суштински реформи, а од реформа во повеќе од една година оваа влада ја нема ни буквата „р”.

Затоа, господа социјалдемократи,  престанете со безмилосно трошење на народните пари и излезете од виртуелниот свет каде поразите сакате да ги претставите како победа. Народот ги препозна вашите лаги и манипулации и за многу кратко ќе го каже својот збор.

Креирано од:


Пренеси го гласот