Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска беше во посета на неколку приватни компании во Делчево.
Во разговор со сопствениците на овие бизниси во оваа општина на крајниот исток од државата, тој се запозна накратко со проблемите со кои се соочуваат овие стопанственици кои обезбедуваат плата и егзистенција на поголем број вработени од општината.

Впечатокот кој го пренесе Јанушев во своето соопштение до јавноста е дека владата на Зоран Заев ги има заборавено овие компании кои се поголем дел од целокупниот квантум на стопанството во Делчево.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Игор Јанушев упатена преку социјалните мрежи во врска со овие средби:
Денеска бев во посета на повеќе фабрики во Делчево.
Сликата секаде е иста, потребна е итна промена на оваа влада која ги има заборавено домашните компании.
Обновата доаѓа, тоа ќе се почувствува при првите месеци од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Повеќе за секого, зошто секој еден жител на Република Македонија ни е битен!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Експлозија на плинска боца во Штип предизвикала материјална штета и повреда врз сопственичката
18 годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг во Берово
20 годишник од Штип заработи кривична пријава за трговија со дрога