Со сечење торта во форма на штипска пастрмајлија официјално заврши 11.издание на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев денеска на прес-конференција истакна дека е задоволен од бројот на гости кои изминатите три дена ја посетиле манифестацијата.
– Имавме посетеност од 150.000 гости. Задоволен сум што сите заедно, јавните претпријатија „Исар“, „Стипион“ и полицијата успеавме да организираме една одлична манифестација на која што немаше ниту еден инцидент, рече Захариев.
Тој рече дека бенефит од манифестацијата има целокупното штипско стопанство, односно зголемен промет деновиве имале текстилните компании, фабриките за чевли и трговските дуќани.
Извор: Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа