БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

БОЧВАРСКИ КОЈ НЕ ИЗГРАДИ НИТУ ЕДЕН МЕТАР ГАСОВОД ВО ШТИП, НЕ МОЖЕ ДА ЗБОРУВА ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА ИМА СЕРИОЗЕН ПРОГРЕС ВО ГАСИФИКАЦИЈАТА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Реалната слика за гасификацијата на Република Македонија е далеку поинаква од онаа која ја претставува Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски пред да започне да зборува за некаков сериозен прогрес во гасификацијата на Република Македонија и започнување на нови проекти, најпрво треба да го направи следново:

-да каже дека оваа Влада во зададените рокови кои истекоа пред една година не успеа да ги изгради гасоводите Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар и дека граѓаните и стопанството ги остави без природен гас,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-да ги погледне изјавите од неговиот претходник Сугарески дадени пред половина година во кои тој даваше идентични проценти за изградбата на гасоводите, според што е јасно дека од тогаш до денес нема никаков прогрес во реализацијата,

-да го погледне Буџетот за 2021 година за да види дека нема обезбедено ниту еден денар за најавените нови проекти за изградба на гасоводите Гостивар-Кичево, Свети Николе-Велес, интерконективен гасовод Македонија-Грција, интерконективен гасовод Македонија-Косово,

-иако е нов во оваа Влада, сепак треба да научи дека СДСМ додека е на власт не се испроектира ниту еден метар магистрален гасовод и не започна дасе гради ниту еден метар нов гасовод, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ во чиј мандат започнаа да се градат четири гасоводи во должина од над 260 км гасовод, од кои едниот го изгради во целост.

И за крај, Бочварски треба да се присети дека како градоначалник на Штип уште пред една година се пофали дека ги изработил проектите за гасификација и дека ќе започнел да го гасифицира овој град, па потоа да признае дека до денес таму не е изграден ниту еден метар гасовод за дистрибуција на природен гас до домаќинствата.Вака изгледа гасификацијата која ја спроведува СДСМ и Бочварски.

КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace