БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Референдумот од 30 Септември за ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен и не може да предизвика правни последици. Заев против волјата на народот го смени името!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во своето викенд интервју за порталот МКД.мк Александар Николоски одговараше на суштинското прашање кое е од интерес на Македонскиот народ во целост, во однос на неуспешниот референдум, правните импликации на истиот како и промената на името на Република Македонија од страна на власта на СДСМ предводена од Зоран Заев. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмираше и го нагласи ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека Референдумот спроведен од власта предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев беше неуспешен и дека истиот нема правни последици а се што потоа спроведе Зоран Заев од позиција на најмоќен човек во државата било против волјата на мнозинството на Македонски граѓани.

МКД.мк:

Референдумското прашање беше промена на име за членство во НАТО и ЕУ. Членка на НАТО станавме, но не и на ЕУ. Како опозиција планирате ли каква било ревизија на резултатите од референдумот, на сомневањата за поткуп на ваши пратеници, на начинот на кој се изврши промената на името?
Александар Николоски:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Референдумот беше неуспешен. И покрај тоа Заев реши на сила и спротивно на волјата на граѓаните да го промени уставното име. Клучното прашање е дали Македонија четири години подоцна е поубаво место за живеење и дали напредува? Одговорот, за жал е – не. Секојдневни порази и понижувања. И затоа се потребни промени.

МКД.мк:

Какви промени? Ревизија на референдумот и последиците од него?

Александар Николоски:

-Референдумот е неуспешен. И затоа не може да има последици затоа што не беше успешен. Тоа беше израз на волјата на народот кој јасно беше против и со своето останување дома јасно искажа став. Сѐ што се случуваше потоа е спротивно на волјата на народот,

-соопшти јасно и децидно Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Остатокот од интервјуто во кое што Николоски зборува за повеќе актуелни прашања исто така од не помалку суштинско значење за Македонскиот народ прочитајте го на порталот МКД.мк.

Креирано од:


Пренеси го гласот