Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип во свое соопштение упатено до јавноста го разобличуваат делувањето на досегашниот градоначалник на Штип Благој Бочварски кој ја напушти оваа функција и се позиционираше како Министер за транспорт и врски во новата влада предводена од Зоран Заев.
Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението на опозиционата ВМРО-ДПМНе од Општинскиот комитет во Штип:
“На последната прес конференција, Благој Бочварски не‘ потсети за неговата неспособност и кукавичлук. Сакајќи да се претстави како најуспешен градоначалник, тој всушност покажа дека нема реализирано ниту еден од ветените проекти, а заради тоа бега од функцијата и од своите сограѓани.
Неизградбата на Жичарата и СРЦ Суитлак, нерешавањето на сообраќајните проблеми, неизградбата на картинг центар, брана на р. Отиња, сала за боречки вештини, катна гаража, гасификација, некоректниот однос кон администрацијата, се само дел од неуспесите со кои Бочварски го обележа овој мандат.
Прашањето е, ако за овој период Бочварски не работеше на развој на градот, дали барем го зајакна својот бизнис, а преку останатите јавни институции обезбеди сигурна иднина за компаниите на неговите најблиски? Или можеби со новата функција, ова му е можност да добие голем дел од колачот кој изминативе 3 години власта го граба од џебот на граѓаните?
Но, едно е јасно! Во владеење на СДСМ, најнеуспешниот градоначалник, оној кој мереше асфалт во метри, го унапредија во Министер за транспорт и врски, а младите кои завршиле високо образование, токму од вакви кадровски решенија, веќе ги спакуваа куферите и заминаа далеку од овде. “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи