БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Илија Димовски: Македонија доби бинационална Влада…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на реакција на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски:

“Македонија доби бинационална Влада…

За прв пат после децении, Република Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци…
Прв пат во македонската Влада, нема НИТУ ЕДЕН министер Турчин, Ром, Србин, Влав или Бошњак…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според пописот во 2002 (тој е последен) околу 10% од граѓаните на Република Македонија се припадници на помалите етнички малцински заедници…
Нивното значење во градење на државата Македонија е големо и забележливо уште од првото заседание на АСНОМ…
Овие етнички малцински заедници секогаш и секаде биле горди и лојални граѓани на Република Македонија…

Покрај многуте политички слабости и ризици по државата, јас одбрав да ја потенцирам оваа критична точка, затоа што има најголем ризик по политичката иднина на државата Република Македонија…

Жалам што овој елемент на суштинска слабост на Владата, или намерна поставеност, не доби на поголемо внимание минатите денови…

Партиите на помалите етнички заедници што и понатаму, во вакви околности, ќе останат во лојална коалиција со СДСМ докажуваат дека имаат дефицит на политичка сила за вистинско застапување на своите членови и гласачи…

Од висок државен интерес е ВМРО-ДПМНЕ да понуди политичка платформа за интеграција на интересите на граѓаните припадници на помалите етнички (па и културолошки) заедници кон својата борба за еднакви права на сите граѓани, а со тоа и зачувување на унитарниот карактер на државата и мултикултурниот карактер на општеството…

СДСМ докажа дека нема никаков политички интерес и капацитет да работи за интересите на помалите етнички малцинства, бидејќи се однесува кон Македонија вака како што покажува кога е на власт…
ДУИ докажува дека не ги ни забележува дека постојат овие 10% од наши сограѓани…”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace