Пред голем број граѓани во центарот на Штип кандидатот за градоначалник на овој своевиден центар на Брегалничкиот регион Иван Јорданов имаше свое јавно претставување во својата нова политичка улога. Актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија кој ја доби довербата на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден имаше свое јавно обраќање во кое упати повеќе пораки до своите сограѓани.
Иван Јорданов за 17 октомври-денот на првиот круг на локалните избори најави голема победа за ВМРО-ДПМНЕ со што ќе бидат најавени промените на власта во државата.
На почетокот на своето обраќање Иван Јорданов упати голем поздрав и благодарност на претходниот градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев.
“Реалноста во Штип денес е тажна и сурова. Луѓето се безнадежни, демотивирани, деморализирани. Луѓето не веруваат во подобра иднина. Затоа оваа вечер стојам пред вас. Ве гледам и ве повикувам: Ајде заеднички да застанеме и да ги направиме промените. Ајде заеднички да ја вратиме довербата на нашите сограѓани! Ајде заеднички да го изградиме Штип со кој што ќе се гордееме. Ајде заеднички да ги вратиме мотивацијата и моралот на нашите сограѓани. Ајде заеднички како што сме знаеле да тргнеме пожртвувано, да бидеме сервис на граѓаните и да изградиме еден модерен и современ Штип од кој што сите заедно ќе се гордееме.”
-рече Иван Јорданов пред штипјани во центарот на Штип.
Целиот настан може да го погледнете во видеото во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи