Претседателот на општинскиот комитет во Штип и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во врска со се поалармантната состојба со бројките на заразени во Штип упати своја реакција во јавност.
Јорданов апелира кон надлежните власти да го стават во втор план својот политички профитерски интерес и да почнат да носат мерки во интерес на јавното здравје.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција упатена во јавноста:
“Бројката од над 40 заболени во Штип го вклучува алармот на повисоко ниво. Сега не е време за политика и политичка кампања, туку е време за заштита на здравјето на граѓаните. Власта покажа и докажа дека ја кријат реалната слика и не водат вистинска грижа за јавното здравје. Во овие моменти треба да се носат одлучни чекори кои ќе значат вистинско ставање на ситуацијата под контрола.
Локалната и централната власт да престанат да го гледаат својот профитерски политички интерес во Штип и да почнат да носат реални мерки во интерес на јавното здравје. Ние повторно апелираме сериозно да се сфатат овие укажувања за да не биде предоцна.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Почина Анче Трифунов, поранешен претседател на Советот на Општина Кочани
Литературен конкурс за Гоце Делчев по повод 153 годишнината од неговото раѓање во организација на ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО
Најава за одржување на манифестацијата „Спортски асови за 2024 година“ во Виница