Во текот на денешниот ден на повеќе јавни локации низ Делчево можеа да се забележат постери од фотографијата со ликот на Радмила Шеќеринска како стои до Фатмир Дехари во градоначалничкиот кабинет во Кичево а позади нив може да се забележат обележја на УЧК.

Не е јасно од каде потекнува и кој ја реализирал ваквата герила акција за афирмирање на активностите на заменик претседателката на СДСМ, вицепремиерката и Министер за одбрана Радмила Шеќеринска што кај граѓаните на Делчево денеска побуди особен интерес.
Од сведоштво на очевидци добивме информации дека вака истакнатите постери биле отстранувани од страна на службени лица на полицијата во Делчево.
Останува нејасно дали, кој и зошто издал наредба за ваквата акција на полицијата или полициските службеници во Делчево самоиницијативно ја реализирале истата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември