БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Брзата реакција на ДПД Пехчево спречи ширење на пожарот кој денеска избувна кај гробиштата во Пехчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Експресната реакција на членовите на Доброволното противпожарно друштво во Пехчево спречи проширување на пожарот кој денеска се појави во непосредна близина на градските гробиште во Пехчево, со што беше спречена поголема огнена катастрофа.

“Денес, тројца членови на ДПД Пехчево во најкраток можен рок интервенираа на пожар кој настанал во близина на градските гробишта од засега непознати причини.

Пожарот брзо се проширил, но благодарение на брзата реакција и ангажманот на нашите членови, огнот беше успешно локализиран и целосно изгаснат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

👏 Благодарност до нашите доброволци за брзата и професионална реакција!”

-напишаа на социјалните мрежи членовите на ДПД Пехчево во врска со оваа нивна акција.

Креирано од:


Пренеси го гласот