ОВР Кочани во содејство со Општина Кочани и со Локалниот совет за превенција – Кочани синоќа реализираше превентивна акција. Активностите се спроведоа од мешани патроли со акцент на превенција од вандализам, врсничко насилство, консумирање алкохол на јавни места, физички пресметки, заштита на јавните добра – детските игралишта, малолетничка деликвенција, почитувањето на сообраќајните правила и прописи и сл.
Превентивната активност се реализираше преку неформален разговор со младите во паркот, шеталиштето покрај Кочанска Река и во Трговскиот центар, како и со сопственици и персонал на угостителски објекти со потсетување на законските одредби за забрана на точење алкохол за малолетници и ограничувањето на нивното задржување до 24 часот.
Ваквата активност на локалните институции е со цел да се гради доверба со младите и граѓаните преку разговор, размена на информации и совети.
Во непосредните средби случајните минувачи искажаа отвореност за разговор. Соговорниците ги искажуваа своите видувања на состојбите за кои се дискутираше и укажуваа на недостатоците и потребите во локалната средина.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”