Меѓународниот центар на Македонска дијаспора објавува повик за изразување на интерес за учество на деца и младинци на летната школа за изучување на Македонски вредности.
Во продолжение во целост го пренесуваме повикот на здружението:
Врз основа на Член 10 и Член 11, став 1 и став 2 од Статутот на Здружението Меѓународен центар на Македонската дијаспора НОВА ЗОРА ДЕЛЧЕВО, како и усвоената Годишна програма за работа на здружението за 2019 година,
МЦМД “НОВА ЗОРА” Делчево објавува
ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС❗️❗️❗️❗️
(За сите Македонци во странство по потекло од Делчево)
Образложение: Во текот на месеците Јули и Август 2019 година Здружението Меѓународен центар на Македонската дијаспора НОВА ЗОРА ДЕЛЧЕВО ќе започне со реализација на едукативно-афирмативни часови за деца и млади Македонци до 16 години кои живеат во странство а се по потекло од Делчево.
➡️Едукативно-афирмативните часови ќе се реализираат еднаш или два пати неделно, во термин и со локација во Делчево која дополнително ќе биде утврдена во договор со наставниците;
➡️➡️Часовите ќе се реализираат во соработка со наставници и професори како и експерти од предметните области од Делчево;
➡️➡️➡️Обуката ќе биде на следните теми:
*Изучување на Македонскиот литературен јазик;
**Изучување на Македонското литературно и народно творештво од Преродбеничкиот период, Периодот пред првата и втората светска војна, Периодот по втората светска војна и Периодот од осамостојувањето на Република Македонија до денес;
***Изучување на Природните, културните, историските особености на регионот на Пијанец и Делчево;
****Афирмација на можноостите за соработка на Пијанец и Делчево со претставници на Македонците во Европа и во светот.
*****Дополнителни содржини од интерес и во договор со заинтересираните.
➡️➡️➡️➡️Сите заинтересирани Македонци може да го се пријават за посетување на овие часови на следните контaкти:
E-mail: novazoramkd@gmail.com
На facebook во inbox на нашата страна: МЦМД “Нова Зора” Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово