БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка од Христијан Мицкоски по повод Националниот ден на Власите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 23 Мај Националниот ден на Власите.

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на неговата честитка:

“Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од влашката етничка заедница им го честитам 23-ти Мај, Националниот ден на Власите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина. Со својот културен, општествен и политички придонес учествувале во изградбата на македонската државност и македонскиот општествен мултикултурен мозаик. Власите, влашкиот јазик и култура во Македонија биле и ќе останат важен сегмент на нашето заедничко битисување на овие простори, кој имаме обврска сите заедно да го негуваме, развиваме и почитуваме. Македонија има традиција на взаемна толеранција, разбирање и почит кон посебностите на сите граѓани низ вековите.

Ние тука во Македонија сме научиле да живееме не само еден покрај друг, туку еден со друг и заедно сме ги надминувале сите предизвици, а во исто време сме ја чувале и граделе татковината. Како што нашите дедовци и прадедовци заедно се бореле за слободата и независноста, имаме аманет таа борба да ја продолжиме, но овој пат за подобра иднина на нашите деца и внуци. Времињата се тешки, кризата, сиромаштијата, безперспективноста и апатичноста се големи, но тоа е мотив повеќе да се сплотиме и да работиме посилно ваквите проблеми да ги решаваме. Да се спротивставиме на криминалот и корупцијата како современо зло кое ја уништува државата, да се спротивставиме на распадот на системот и на вредностите кои заедно не поврзувале. Сите, без разлика на етничката, верската и политичката припадност, мора да оставиме придонес во таа наша борба. Само така ќе создадеме подобра перспектива за нас и за нашите идни поколенија.”

-стои во честитката на Христијан Мицкоски- претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace