По повод годинешното чествување на 24 Мај празникот посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски е во посета на Ватикан. На приемот кај Папата Франциски премиерот Ковачевски разговарал за грижата на ранливите категории граѓани и почитување на различностите.
“На аудиенцијата кај Папата Франциск по повод чествувањето на големото дело Светите браќа Кирил и Методиј, кои со својата мисија го ширеа христијанството на јазик разбирлив за словенските народи и извршија и мисија на поврзување на народите на Европа, ги потврдивме пријателските односи со Светата Столица.
Северна Македонија и Ватикан се цврсто поврзани со взаемна почит заснована на заеднички историски, културни и верски традиции и значајни ликови како Светите браќа Кирил и Методиј.
Со Папата Франциск се согласивме дека грижата за најранливите наши сограѓани во време на криза и почитувањето на разликите се столбовите на градењето на општество во кое има место за сите и дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи бидејќи ги делиме истите вредности на меѓусебно разбирање, толеранција и човечко достоинство.”
-соопшти Премиерот Димитар Ковачевски во врска со неговата на Ватикан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип