На првиот ден од новата учебна година. в.д. градоначалникот Венко Крстевски им се обрати на сите ученици во градот и им посака среќен и успешен почеток на учебната година:
„Со почетокот на 1 септември започнува ново поглавје во образованието. Ви посакувам среќен и успешен почеток на оваа учебна година, исполнета со нови знаења, искуства и можности. Секој почеток носи нова енергија и нови цели. Вашето училиште е местото каде што учите, растете, градите пријателства и ја креирате својата иднина.“
В.д. градоначалникот се заблагодари и на сите наставници и родители, истакнувајќи ја важноста на нивната улога во образованието на децата:
„Вашата посветеност и труд се основата на секој успех на учениците. Заедно, како заедница ќе продолжиме да работиме на тоа да ги создадеме најдобрите услови за учење и развој.
Среќен и успешен почеток на новата учебна година!“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
12 годишен малолетник од с. Црник пехчевско уdрил со електричен тротинет малолетно дете
Со континуиран ангажман во борба против изворите на загадување на животната средина во Делчево
Физичка пресметка на жители на село Црник, беровско