Денеска оддаваме признание на сите професионалци кои со својата посветеност, интегритет и стручност секојдневно работат во заштита на финансискиот систем и владеењето на правото.
Горд сум што имам можност да ја предводам институцијата која веќе 23 години е важен столб во борбата против финансискиот криминал. Резултатите што ги постигнуваме се плод на тимска работа, професионализам и непоколеблива посветеност на јавниот интерес.
Им благодарам на сите вработени во Управата за финансиска полиција за нивниот труд, одговорност и истрајност, како и на институциите со кои заеднички придонесуваме за поефикасно спречување и сузбивање на финансискиот криминал.
Нека овој ден биде поттик и понатаму да работиме чесно, одговорно и професионално, во интерес на граѓаните и државата.
Среќен 26 Јуни – Денот на Управата за финансиска полиција!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани