БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Четиристотини деца и млади од Кочани учествуваа во содржините за одбележување на Меѓународниот ден на литературата за деца

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заврши фестивалската програма посветена на книжевноста за деца и млади што ја реализираше ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани.

Вториот програмски ден, преку ликовната работилница на тема на меѓународното мото за 2025 г. – „Јазикот на сликите“, учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ сликајќи ги изразија своите талент, мисли и чувства, a нивниот процес на творење беше претставен пред децата од ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани. Изложбата од творбите беше посетена од корисниците на Дневниот центар при Центарот за социјални работи од Кочани. Во просториите на Дневниот центар беше остварена литературна средба на роднокрајната авторка Ана Дедова и виш библиотекар Румена Тодорова со лицата корисници на Дневниот центар за интелектуална и телесна попреченост.

Со гостувањето на уредникот на Издавачката куќа „Македоника литера“ беа промовирани книгите „Мојот татко спие со ангелите“ и книгата „Добар ден тато“ од хрватскиот автор Стјепан Томаш пред учениците од ООУ „Никола Карев“. Преку содржината Средношколски парламент во библиотека на тема „Зачувување на македонскиот стандарден јазик од употребата на жаргони, странски изрази и компјутерската технологија“ младите од двете средни училишта во Кочани дебатираа разменувајќи си ги своите размислувања, ставови и носеа заклучоци. Свои излагања имаа професорите Кирил Барбареев и Ана Витанова Рингачева од Универзитетот, „Гоце Делчев“ од Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Програмата беше затворена со театарската претстава „Децата на железницата“, за која адаптацијата на текстот и изборот на музика се на Магдалена Кочовска Салтирова, а претставата ја режираше Кристина Атанасова Арсова. Претставата беше изведена пред кочанската публика во салата на Мултикултурниот центар.

Во целокупната фестивалска програма учествуваа над 400 деца и млади.

Фестивалската програма за одбележување на Меѓународниот ден на литературата за деца е проект од национален интерес во културата на Министерството за култура и туризам, поддржан од Општина Кочани и од компаниите поддржувачи Амфенол технолоџи Македонија, Голден текс и Ротари Клуб Кочани-Виница.

Координатор на проектот е библиотекар советник Магдалена Кочовска Салтирова.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace