БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Чоколаден намаз со кикирики

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нема повкусна комбинација од чоколадо и кикирики, а кога се направат како намаз, тогаш сигурно не ќе можете да одолеете на овој вкус, кој го обожаваат и децата.

Потребно е:

  • 2 шолји непечени, лупени  кикирики
  • 1/2 шолја какао
  • 1 1/4 шолја шеќер во прав
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици масло

Подготовка: 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Рерната загрејте ја на највисоката температура која ја има. Во тавче за печење, ставете хартија за печење и истурете ги кикириките. Распоредете ги рамномерно и печете ги 10 минути додека не почнат да добиваат кафена боја.

За тоа време, промешувајте ги неколку пати за да не загорат. Кога ќе бидат испечени, кикириките ставете ги во процесор за храна и мелете ги 5 минути додека не бидат во речиси течна состојба. Ако смесата стане многу густа, ставете малку вода за да стане полу-течна.

Потоа, додајте ги какаото, шеќерот, маслото и солта и мешајте во процесорот.

Готовиот намаз ставете го во пластичен или стаклен сад и оставете го преку ноќ во фрижидер.

Наредниот ден, кога намазот ќе биде ладен и цврст, намачкајте го на парче леб.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace