БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Да се потсетиме на неколку ТВ серии и цртани филмови со кои израснавме

Пренеси го гласот

Секогаш кога се потсетуваме на времето кое поминало зад нас, посебно периодот поврзан со нашето детство, не облева тажно и носталгично чувство. Доколку во брзо време ве нема фатено чувство на носталгија по безгрижното и убаво детство, тогаш сега сигурно ќе ве пронајде.

 Времињата многу се променети, а со тоа во заборав заминаа и сите прекрасни ТВ серии и цртани филмови кои со мерак сме ги чекале пред ТВ екраните. Денес децата дефинитивно немаат детство како нашето, но да ги изненадиме со дел од нашето секојдневие во тоа време, а воедно и да се потсетиме на убавите наши времиња.

„Бушава азбука“, „Дајте музика“, „Мечето Ушко“, „Веселите Грашковци“ и многу други се составен дел од детството на сите родени во последните децении од минатиот век. Потсетете се и уживајте низ овој ретро времеплов низ спомените, и разгледајте ги сите легендарни телевизиски содржини кои сте ги обожавале како мали.

Бушава азбука

Македонски народни приказни

Дајте музика

Мечето Ушко

Во светот на бајките

Големи и мали

Волшебни чевличиња

Веселите Грашковци

Були

Опстанок

Креирано од:


Пренеси го гласот