Ги сакате ли погледите од прозорец од авион? Каде на друго место имате можност да го видите светот од таа гледна точка и да ја видите убавината на земјата од небото? Скогаш се чувствува возбуда кога гледате промени во географијата, одеднаш гледајќи планини опфатени со снег што се издигаат од зелена рамнина или ги гледате различните нијанси на вода, па дури и облаците можат да бидат возбудливи.
Најдоброто од летањето со авион е токму глетката кога тој се оддалечува од земјата. Убаво е чувството кога сте меѓу облаците, но уште поубаво е кога меѓу нив се ѕирка шаренилото од улици, згради, куќи, полиња, планини или реки, кои пред да ни се изгубат од видикот, наликуваат на вредни уметнички дела. Некои од нас ваквите глетки ги претвораат во фотографии.
Уживајте во овие фантастични моменти, уловени низ авионските прозорци на повеќе локации низ светот, кои ќе ве инспирираат да си резервирате седиште до прозорецот секогаш кога патувате.












СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости