Не сум се мрднал од умот, а и не сум се вратил 70 години назад низ времето. Реално гледано изминатата 2019 година од секаков аспект наликуваше на некои мрачни времииња кои се за среќа далечно минато. Искрено се надевам дека и таа, како и фамозната 1949 година ќе остане зад нас како едно мрачно минато кое не смее повеќе да ни се повтори.
Во моментов додека го читате овој мој текст, веројатно Зоран Заев веќе ја има поднесено оставката на местото премиер и веќе се преземаат дејствија за избор на техничката Влада на РМ која ќе го означи преминот од хунташкото неколку годишно владеење кон обновата на државата. Затоа да и се радуваме на Новата 2020 година која еве веќе на третиот ден ни ја носи прекрасната вест за заминувањето од власт на оваа несреќа која не спопадна од 2017 година, па се досега!
Во изминатиов турбулентен период насилно беше променет Уставот на РМ заради промена на уставното име. Се донесоа една цела низа на штетни и неприменливи закони, економијата тотално е урнисана, без разлика што не убедуваат во спротивното (Прашајте било кој бизнисмен или стопанственик!), задолжени сме до гуша за еден краток период, пензионерите беа излажани и изманипулирани, исто и лекарите, земјоделците, наставниците. Верувам дека овие случувања не научија дека не смееме повеќе да дозволиме ,,битанги,, во политиката да владеат со нас. Насилство заради остварување на лична корист и насилство заради интереси на странски центри врз македонскиот народ повеќе не смее да ни се случува. За сето ова да биде остварено, на наша штета, преку изборен и постизборен инженеринг во 2017 година беше формирана структура која без никакво размислување си поплука самата врз себе и по сите свои животни принципи и идеали само заради доаѓање на власт по која копнееа уште од 2006 година. Тој копнеж премина во една болна амбиција изразена преку ,,јадење на живи луѓе,, со што истата беше остварена и зацврсната. Тоа веќе не смееме да дозволиме да ни се случи никогаш повеќе доколку сакаме вистинска обнова на Република Македонија и живот во вистински слободно и демократско општество кое ќе биде еднакво за сите. Битангите кои ги има секогаш и секаде и постојано демнат прилика да се дограбат до власт, мора да ги снема од политиката, и во мојата опција, но и кај противниците.
Идната власт, а и тие што ќе доаѓаат после неа мора да му служат исклучиво на народот, а за тоа се потребни нови, чесни и неизвалкани луѓе. Новите министри и заменици кои ги предлага мојата партија во техничката влада се добра основа за тоа и најава за еден нов почеток кој со сигурност ќе дојде после изборите на 12-ти Април. ВМРО-ДПМНЕ и актуелното раководство ја научија лекцијата во изминативе години и сум сигурен дека нема да дозволат да ни се повторат грешките од минатото.
На изборите што следуваат за 100 дена од денес ќе бидат предложени најдобрите кандидати за пратеници, а потоа и министри, директори, раководители, кои ќе работат исклучиво во интерес на својот народ. Сите оние кои ќе ја изневерат укажаната доверба ќе бидат најостро санкционирани за што ја имаме гаранцијата од лидерот Проф.Д-р.Христијан Мицкоски. Јас искрено му верувам, а сметам дека и македонскиот народ многу брзо ќе го покаже истото со гласање на изборите за ВМРО-ДПМНЕ и програмата за ,,Обнова на Македонија. 1949-тата и 2019-та година, никогаш повеќе на политички план не смеат да и се случат на нашата држава.
Бидејќи се празници, не би сакал почитувани мои повеќе да должам и да ве заморувам, ви ги честитам уште еднаш и ви пожелувам се она што си пожелувам за себе и за моите најмили. Да се надеваме дека се она за што пишував ќе се оствари во оваа 2020 Година заради доброто на сите граѓани на Република Македонија.
Пишува: Кирил Ковчегарски,
Адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Силен финансиски импут за локалните самоуправи како никогаш до сега! Дали ЕЛС имаат капацитет со овие пари да обезбедат соодветен одржлив развој на локалните заедници?
Канцерот во Македонското мочуриште што со децении не дозволува народот да види бело видело
СДСМ преку Трендафилов со наметнување на минимална плата од 500 евра на стопанството, сакаат да ја урнисаат државата