БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Запознајте го креативниот свет на Светлана Колосова – ” Свет на дланка”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Руската музичарка и сликарка Светлана Колосова користи своја рака како платно и слика чудесни слики инспирирани од бајките. Делото на Светлана илустрира класични приказни од приказните на Ханс Кристијан Андерсен, како малата сирена и малото девојче до рускиот фолклор, како Снежната девојка. Всушност самиот нејзин боди арт е инспириран од големиот дански писател.

Креативната Русинка Светлана Колосова направила серија фотографии од колоритни сцени од приказните кои ги насликала на нејзината лева рака. Таа отсекогаш имала страст кон литературата и сликањето, а нејзин омилен поет е Сергеј Есенин, кој го портретирала на една од овие слики на дланка.

Нејзините слики се детални, внимателно ги следат и покриваат линиите на раката, па гледајќи ги можете да заборавите дека тие не се насликани на платно. Ќе бидете воодушевени од живописните и колоритни сцени од бајките, кои ќе ви создадат топло чувство околу срцето и ќе ве потсетат на детските денови и на приказните во кои безгрижно тоневте.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот