Огнената стихија која вчера попладне го зафати Кочани и кочанско остави зад себе немили пост апокалиптични сцени како оние од најужасните холивудски филмови.
Целокупната неспособност на локалните и националните власти се покажа на дело во најлошото можно издание.
Пожарите кои во текот на вчерашниот ден беа присутни во Скопско Долно Лисиче, Кумановскиот регион во Старо Нагоричане,во Штипско, во Кочани и околните кочански села, во Делчево во селото Нов Истевник… на површина ги изнесоа сите аномалии, неспособност и арогантност на актуелните власти од претседателот Стево Пендаровски, врвот на владата до локалните власти низ општините.
Некоординираноста за која сведочеа самите армиски сили кои беа распоредени на терен е одлика на хаосот со кој што (божем) менаџираат функционерите од оваа област платени со дебели пари од граѓаните.
Слабата опременост и неподготвеност на опремата за справување со кризни ситуации каде секундите можат да играат улога за нечиј живот или смрт е секако уште една одлика на актуелните власти кои загубени во просторот и времето ги окупираат со својата неспособност клучните институции надлежни за превенција, заштита и спасување со вакви и слични кризни ситуации.
Вчерашните пожари ниту беа превенирани, ниту материјалните добра беа заштитени а огромна среќа е што немаше човечки жртви.
Дополнително се виде какко противпожарните служби на терен кубурат со персонал, речиси незаштитени со несоодветна опрема и облека како со натчовечки напори се борат со огнените пламени. Целокупниот човечки персонал кој што требаше да биде ангажиран согласно постојната законска регулатива го немаше на терен а она што беше на располагање од луѓе вклучени во системот за заштита и спасување не беше соодветно распределен.
Па оттука можеа да се слушнат повици на надлежните самите граѓани да се организираат волонтерски да излезат на терен за да ги гасат пожарите кои многу лесно може да станат фатални за нечиј живот.
И тоа е врвот на оваа неспособност на власта која повикува голораки граѓани, без соодветно искуство и опрема да излегуваат на терен за помош на недоволно капацитативните професионални сили платени за оваа работа.
Власта на хартија располага со прилично добра законска регулатива во овој значаен сегмент за опстојот на цела држава, но во пракса и суштина многу малку се посветуваат ресурси и внимание за спроведување на пропишаните мерки. Кон тоа во негативен прилог оди и неспособноста на власта да изврши брза и соодветна мобилизација на дополнителни човечки сили од граѓаните поради игнорирањето на можностите за појава токму на една ваква опасност и замижувањето пред потенцијалните ризици на надлежните институции.
Денеска можеме да видиме како директорот на ДЗС Беким Максути несмасно објаснува како поради бирократски процедури трите воздухоплови способни за гасење пожар од воздух не биле во состојба на подготвеност да реагираат. Сличан изјава даде и Стојанче Ангелов кај кого лежи целокупната некоординираност на надлежните во вчерашните пожари. Човекот едноставно наместо да ја следи целата ситуација беше излезен на пијачка со Влатко Стефановски по концертот во Кружево. Таквите изјава во нормална држава ќе беа повод за барање и давање оставки во сите нивоа на власт.
Наместо тоа останиваат немилите слики од пеплосаните Македонски шуми, имоти и движни и недвижни ствари со огромна материјална штета
Затоа што Македонија веќе подолго време не е нормална држава.
Пишува: Кирчо Анастасов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гадните 90-ти и антикапиталистичкиот отпор со снежни топки
Пакетите од Шикло
РАБОТНИЧКАТА КЛАСА НА ОЛИМПИСКИ