БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали стомачниот вирус кај штипјани е резултат на лошото работење на ЈП Исар, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија локалните власти во Штип за лошите резултати во работењето во однос на комуналните услуги за кои е надлежно Јавното претпријатие ИСАР од Штип.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијага на Советникот во штипскиот совет, Игор Ефтимов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека оваа локална власт е скарана со реалноста потврдува и кварталниот извештај за работењето на ЈП Исар. За тоа колку е големо неработењето на ова претпријатие говори состојбата на терен и секојдневното незадоволство на жителите на Општина Штип.

Не е потребен извештај за да се потврди неспособноста од раководењето на ЈП Исар, доволно е да се помине низ неколку улици и населби во градот за да се добие јасна слика за тоа во каква состојба се наоѓа Општина Штип. Неисфрлениот смет и смрдеата од отпад се присутни речиси во секоја населба. Прашината и неизметените улици ги имаме насекаде околу нас. Неискосената трева и исушените паркови низ населбите само ја потврдуваат дехидрираноста и безидејноста на оваа локална власт и ЈП Исар.

А кога во прашање е водоснабдувањето, секојдневно на социјалните мрежи и во медиумите се забележуваат поплаки од граѓани, па отворено се поставува прашањето дали и каква вода за пиење испорачува ЈП Исар на граѓаните на Општина Штип?

Дали се точни тврдењата дека во Штип се пие вода од резервоар затруен со памперс пелени?

И дали овој период штипјани имаат стомачен вирус, поради отровната вода која се дистрибуира во домаќинствата?

Почитувани сограѓани,

Старите велат „Фалбата е рѓа“. Залудни се сите епитети и фалења кои раководството на ЈП Исар ги става на свое конто, затоа што на сите веќе ни е јасно –  не ги бидува!

Сликата која се обидуваат да ја прикажат во јавноста, нема да го покрие целото ѓубре на оваа локална власт, тоа ќе остане да сведочи за нестручноста и неработењето, се‘ до конечно заминување на ова неспособно раководство.


Чита: Игор Ефтимов

Креирано од:


Пренеси го гласот