БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лидерот на опозицијата го развеа Македонското национално знаме и порача дека наша обврска е да го вратиме сето она што е разрушено и украдено

Пренеси го гласот

Во рамки на својата работна агенда и посетите на општинските и месните комитети на партијата, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа од Радовиш и радовишка Ораовица, упати силни пораки за неговите политички определби наспроти деструктивните политики на власта.

Мицкоски заедно со дел од своите најблиски соработници го посети Манастирот Св. Ѓорѓи каде одржа свој говор.

Во Македонско оро заедно со присутните граѓани во дворот на манастирот, Христијан Маицкоски го развеа Македонското национално знаме, што претставува своевидна гласна порака имајќи предвид дека тој е првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ што го развеал ова знаме на јавен настан.

Во продолжение го пренесуваме неговото обраќање до јавноста во врска со овој настан:

Бев во Радовиш и Радовишка Ораовица, во преубавиот манастир Свети Горѓи. Сликата за тоа како живее Македонецот е тажна и жална, целосно спортивна од говорите на премиерот и неговата свита. Народот е огорчен од кастата на власт, за кои најважни се парите, криминалот и нивниот личен бенефит. Секој ден, секој час, Македонецот губи нешто. Ја губи слободата, стабилноста, интегритетот, идентитетот со кој тргуваат, ја губи европската иднина, зошто такви луѓе ни ја водат земјата.

Наместо борба против криминалот имаме власт која води борба да го заштити криминалот, наместо борба за правда имаме промоција на неправда. Народот веќе не им верува, а не им верува зошто удрија по се што е свето и важно за нашите граѓани.

На народот му одземаа три години, време на стагнација, време на најцрниот криминал некогаш сторен досега. Станавме држава каде премиерот е главата, а министрите главни пипци на криминалниот откопод кој хара по Македонија. Затоа наша обврска е да го вратиме сето она што е разрушено и украдено, да се бориме за секоја педа Македонска земја која ја опустошија и искрадоа.

Да обезбедиме иднина и обнова на Македонија и сигурност на секој еден граѓанин. И Заев и неговата каста знаат дека само месеци се во прашање кога народот ќе ги порази а Македонија ќе победи!

Креирано од:


Пренеси го гласот