14,5 милиони денари за реконструкција на постоечката кино сала во Виница, изгласаа градоначалниците од источниот плански регион, кои колачот од 35,5 милиони денари буџет за 2020 од Програмата за регионален развој , го распределија во три општини, Виница, Македонска Каменица и Штип. – информираат од општина Виница.
Ова е проект кој источниот плански регион го доделува на Виница во овој мандатен состав, проект чија вкупна финансиска конструкција е околу 20 милиони денари, во кои општинското учество треба да биде околу 20 %. На Седницата на Источниот плански регион беа разгледани 12 проекти од 9 општини, Виница на листата имаше два проекти, Регулација на коритото на Градечка река и Реконструкција на постоечката кино сала.
Како приоритетен проект од сите 12 со најмногу одобрени средства , градоначалниците го поддржа проектот на Виница за кино салата со 14,5 милиони денари, втор по приоритет, проектот на Македонска Каменица со 12 милиони денари за водоснабдителен систем во с.Моштица, и трет проект со 9 милиони денари е проектот на општина Штип за решавање на сообраќајниот метеж во центарот на Штип.
“Со овој проект кој треба следната година да го реализираме преку Источен плански регион, е предвидено санирање на постоечките простории и додавање на нови содржини кои ќе ја дополнат и збогатат функцијата на целиот објект. Предмет на разработка се кино салата, влезното фоаје како и решавање на кровниот покривач и изработка на нова фасада, така да одобрената сума од 14,5 милиони денари и со наше учество сметам дека ќе успееме да го промениме ликот на централното подрачје околу градскиот пазар“. – изјави Градоначалникот Ивица Димитров.
Колку вистина ќе има во овој проект и што ќе се случи со средствата , ни преостанува да видиме во иднина.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
83 годишен затвореник во затворот во Штип од Македонска Каменица починал во Клиничката Болница во Штип
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип- Радовиш, двајца возачи со тешки телесни повреди
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти