БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски VS Саше Аналитико. Резултат- 3:0

Пренеси го гласот

На денешната прес конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на Претседателот Христијан Мицкоски, сопственикот на порталот Мактел.мк Саше Ивановски (познат во јавноста како Аналитико) му постави три прашања во врска со актуелни теми во јавноста:

1.Цело време велите дека вие сте за правда а факт е дека преговорите за СЈО и Јавно обвинителство ги влечевте толку долго очекувајќи да застарат процесите па после се буневте дека ОЈО ги зема случаите кај себе. И ден денеска го осудувате тој факт а самите сте свесни дека ако тоа не се случеше тие процеси ќе пропаднеа и ќе застареа. Како може во исто време да сте за правда а во исто време да се залагате тие процеси да пропаднат?

Одговор на прво прашање на Христијан Мицкоски:

Ајде прво да видиме за што ние се залагаме. Нние велевме вака: Не е примерно Катица Јанева да биде унапредена во републички јавен обвинител бидејки имаме индиции би рекол и докази дека е навистина корумпирана и не може да биде унапредена од тоа што е сега таму. Тоа беше црвената линија на Зоран Заев. Сведоци беа и Македонската јавнос и Вие и сите дека не била така едноставна работата дека тоа што сме го говореле тоа било точно односно дека била замешана во (ќе бидам блак и ќе кажам- судскиот процес допрва ќе се развива) еден коруптивен скандал и има индиции за нејзино замешателство. И сега да го поддржиме предлогот за СЈО каде што таа ќе биде републички јавен обвинител, тогаш би биле надвор од нашите принципи и тогаш не би биле за правда. Но тоа беше црвената линија на СДСМ и Зоран Заев, за да потоа ја видиме истата таа црвена линија во качулка и во лисици. И внимавајте- сите- еве јас ви гарантирам, сите кој што денеска му слугуваат на Заев без разлика во кое ниво, како и што, да ја имаат таа слика пред очи секогаш. Зоран Заев е подготвен секого да го пушти низ вода и да го претвори во таа слика само за себе да се спаси. Секого! Запамтете ја таа слика и внимателно гледајте.

Понатаму велевме: Не можеме да поддржиме со закон трансфер на јавните обвинители кои што се дел од СЈО во новото јавно обвинителство. Си има акон каде што Советот на јавни обвинители треба да го одреди составот на обвинители кои што ќе бидат таму. Има конкурс, транспарентен, нека си се пријават и овие. Но има индиции дека има сериозно злоупотреба со хонорари, безправно исплаќани, без основа итн.

Не! Тоа е нашата црвена линија!

За да денеска преку аферата “Ќеш” Македонската јавност е сведок дека сме биле во право. Е сега повторно ќе се навратам на она што го зборевте- би биле навистина фанови на неправдата и би биле лицемерни ако го поддржиме а воедно знаеми или имаме индиции дека има тука определени злоупотреби. тука беше црвената линија. Се друго останато горе-долу ние се усогласивме. Персоналните решенија беа, и јас тоа го зборував и на прес конференција. Ајде луѓе за процеси да зборуваме, ајде да зборуваме ова вие што го зборувате, з аправда, бескомпромисна битка со корупцијата, без разлика Христијан, Зоран… Еве тргнете од мене: Имав случај пред антикорупциска, седум месеци, на два дена пред претседателските избори, го отворија по допрен глас откако имаше прес конференција портпаролот на СДСМ. После седум месеци антикорупциска ме сослуша ги слушна гактите и аргументите, ги провери претпоставувам сите документи и докази и констатираше дека немало ниту корупција ниту пак било каква злоупотреба на службената должност. Јас во межувреме го оттуѓив тој удел во таа компанија која има концесија во тие мали хидроцентрали.

И никому ништо! Ниту извинување, ниту некаква одговорност, никому ништо!

Но во ред јас се навикнав да живеам со тое слабости на луѓето и ќе продолжам да живеам и понатаму. Претпоставувам во отсуство на факти и аргументи ќе измислуваат.

Во продолжение Саше Ивановски му постави уште две прашања на прес конференцијата чии што одговори може да ги слушнете во сл. видео после 24.30 мин.

Креирано од:


Пренеси го гласот