Во изминатите неколку денови политичката сцена во Делчево почна пополека да се загрева. Помеѓу двата конкурентски табори оној на СДСМ кои што се локална власт во Делчево и оној на ВМРО-ДПМНЕ кои што се локална опозиција постои еден вид на досега незабележан феномен во политичката култура. Имено кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски како и кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата претежно својата политичка активност ја држат во интензивен контакт со граѓаните, со афирмативни пораки, со ширење на максимален позитивизам и активности за сплотување на граѓаните.
Наспроти ваквото афирмативно водење на кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ кај кандидатот за градоначалник од СДСМ во Делчево Дејан Глинџарски и неговиот изборен штаб на чие чело е актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски од СДСМ, првичните соопштенија во јавност покажуваат обид за спуштање на нивото на комуникација во претстојната кампања:
„Денеска гледам како одредени активисти шират анкети и бројки направени во партиски штабови. Разбирам – тоа е нивно право. Но едно е сигурно: таквите анкети немаат врска со реалноста.
Реалноста е дека нашата општина веќе два мандати се води успешно. Заедно со актуелниот градоначалник направивме повеќе проекти и инвестиции отколку сите пред нас. Тоа го гледа секој граѓанин – и тоа е најголемата анкета.
Пред нас, ВМРО-ДПМНЕ ја водеше општината два мандати Резултатот? Немаат што да покажат.
Јас имам чест да ја продолжам оваа успешна приказна и да ја надградам со нови капитални проекти за Делчево.
Вистинската анкета ќе ја дадат граѓаните на избори – а таму бројките се единствените што важат.“”
-напиша Дејан Глинџарски на социјалните мрежи во обид да го спушти нивото на јавна дискусија помеѓу граѓаните во Делчево во пресрет на претстојната кампања за локалните избори.
Овој тип на кампања е класична карактеристика за сценарија од минатото кога СДСМ беше опозиција во 2014-2015-2016-2017 година во јавноста се обидуваше да ја наелектризира ситуацијата најчесто со манипулативни пораки.
За разобличување на ваквата искривена слика која што се обидува Дејан Глинџарски да ја наметне во јавноста од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со свое соопштение во кое го разобличуваат коментарот на Дејан Глинџарски со конкретни аргументи:
“Ова се случува кога поставувате човек без никакво политичко или било какво искуство и знаење од областа на локалната самоуправа:
-Кандидатот за градоначалник на Општина Делчево од редовите на СДСМ Делчево, Дејан Глинџарски, ТВРДИ дека општина Делчево била успешно менаџирана од актуелниот градоначалник од СДСМ во изминатите 8 години!
Без да влегуваме во непотребна аргументација за “успешноста” на владеењето на Горан Трајковски ќе поставиме едно логично прашање:
-Зошто “успешниот” градоначалник Трајковски, не се кандидираше повторно за трет мандат, ако е сигурен во неговата “успешност” која се мери со фактор на успешност по број на кривични пријави?
Тоа што Горан Трајковски, одлучил да се крие зад партиски функции, како некаков ШЕФ НА ИЗБОРЕН ШТАБ на СДСМ Делчево, за да кука и плаче во иднина за одговорноста која со сигурност ќе дојде, не треба да биде политички аргумент за фалење.
Баш напротив.
Со мисла дека можеби станува збор за неискуството и политичката несозреаност на актуелниот кандидат за градоначалник на Делчево, Дејан Глинџарски, апелираме малку да прошета по населбите во Делчево и по селата низ Делчево, за да ја види таа наводна успешност на неговиот шеф на изборен штаб.
До тогаш, оставаме мала фото разгледница за таа “успешност” на Горан Трајковски во изминатите 8 години,”
-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО упатено во јавноста како реакција на коментарот на Дејан Глинџарски- Кандидат за градоначалник на Делчево од СДСМ во прилог на споделени графички прикази за “успешноста” на работата на актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски од СДСМ.




Времето на манипулации и искривување на фактите е далеку одминато во услови на општа интеркомуникациска поврзаност на сите граѓани како и институциите, па политички памфлети за некаква “успешност” е одлика на поширока општествена перцепција на мнозинството граѓани кои што ќе имаат можност на денот на изборите да ја изберат својата идна локална власт врз основа на капацитет, знаење, визија, личен кредибилитет и тим за делување во интерес на сите граѓани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријавa против поранешен градоначалник на Свети Николе за „злоупотреба на службената положба и овластување“
Најава за Ноќно искачување на “Ѕвезден Врв“ – Беласица
Скопје на 9 и 10 јуни пулсира во ритамот на Урбан Фест – два дена македонска музика и енергија во Градски парк