Денеска млади активисти на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Виктор Ѓеоргиевски беа на средби со граѓаните на Делчево кај градскиот пазар. Голем број на делчевчани ги дадоа своите идеи кои што ќе бидат мотивација-плус за реализација на убави проекти за сите граѓани на Делчево од страна на идната локалната власт. Виктор Ѓеоргиевски како предводник на подмладокот ќе ја побара довербата на делчевчани како дел од кандидатската листа на советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на претстојните локални избори. Како еден од најистакнатите соработници на кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите ан ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски, Виктор ќе биде еден од фронтмените за борба и афирмација на младинските политики во идниот Совет на општина Делчево.
“Младинските политики на ВМРО-ДПМНЕ добиваат сигурна можност за директна реализација во нашата програма. Голем број млади членови и активисти на УМС веќе ги доставија своите предлози и идеи, кои што се вградени во Програмата на идниот Градоначалник на Делчево Иван Гоцевски.
Делчево повторно ќе биде град на младите. Следува време на силна афирмација на потребите на младите делчевчани и нивна директна вклученост во локалните институции и политики.
#МладиЗаДелчево#ГоСакамДелчево#ЕднашУМС#СекогашУМСМладинските
#ЗаТвојатаИднина
#ТвоетоМесто
#ВистинскиотИзбор“
-напиша на социјалните мрежи Виктор Ѓеоргиевски- кандидат за советник во Советот на Општина Делчево на претстојните локални избори на 19 октомври.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена