Граѓаните на општина Свети Николе конечно ќе можат да се ослободат од лошото владеење на СДСМ во оваа општина во источна Македонија.
Денеска на одржаниот состанок на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ партијата го избра актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Свети Николе Дејан Владев за кандидат за градоначалник на општина Свети Николе.
Дејан Владев беше предводник на огромната победа во Свети Николе на предвремените парламентарни избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ над владеачката СДСМ со 1200 гласови, со што се дефинираше себеси како првенец на борбата против штетните политики на Зоран Заев, неговите локални функционери кои вртоглаво ја губат поддршката од граѓаните на Свети Николе во изминатите години.
Токму поради ваквите превирања во СДСМ Зоран Заев се уште го држи во тајност името на кандидатот за градначалник на владеачката партија за Свети Николе.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември