Во најголемата општина во Брегалничкиот регион, во Штип, промените на актуелните штетни политики за граѓаните на претстојните Локални избори во овој регионален центар ќе ги предводи актуелниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов.
Иван Јорданов ја доби довербата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница како човек кој ужива најголема доверба меѓу штипјани и истовремено е подготвен да работи за доброто на сите граѓани на општината во наредните 4 години како Градоначалник на Штип.
Од редовите на владеачката СДСМ трката за градоначалник ќе ја трча актуелниот Сашко Николов кој беше избран лани на вонредни избори кои што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираше.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена