БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дела од Ликовната колонија “Ѓуриште” ќе бидат ставени на увид на делчевската публика во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Под насловот

Ликовна изложба „Ѓуриште“ – 20 години бои, инспирација и заедништво!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” од Делчево организира изложба на ликовни дела на уметници од оваа ликовна колонија која се реализира во Свети Николе.

Отворањето на изложбата е закажано за вторник, 07.10.2025 година во Фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево каде што според протоколот е предвидено обраќање на претставник од страна на организаторот НУЦК “Н.Ј.Вапцаров” Делчево како и гостите од ОЈУ Дом на културата “Крсте Мисирков” од Свети Николе кои се сопственици на делата од Ѓуришката ликовна колонија под чија закрила се организира овој традиционален ликовен настан.

Почетокот на отворањето на изложбата е закажано за 13.00 часот а од страна на организаторите се покануваат сите граѓани-љубители на уметноста да посведочат на едни од највпечатливите дела кои во ова наше современие се создаваат од страна на ликовните уметници.

Овој настан е убава можност наставниците и професорите од локалните училишта на лице место со своите ученици да им ги пренесат раскошот и убавината на високовредносни уметнички дела кои што може да бидат инспирација во ова наше секојдневие, но и своевиден патоказ за остварување на идни уметнички дострели на младите ученици кои што ќе зачекорат по патот на уметноста.

Влезот за настанот е слободен.

“Изложбата е посветена на 20 години постоење на колонијата „Ѓуриште“, која со својот уметнички квалитет и традиција претставува вистински симбол на инспирација и заедништво,”

-информираат од НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и ги покануваат јавноста и граѓаните да бидат дел од овој убав уметнички и културен настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace