Денеска градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во присуство на Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и Директорот на НУКЦ “Никола Јонков Вапцаров” Делчево го афирмираа во јавност отварањето на новиот Туристички културен информатор на Делчево.
Овој нов проект е дел од предизборната програма на градоначалникот Гоцевски преку кој во заедничка соработка ќе се развива туризмот во Делчево на еден структуриран, стратешки дефиниран и институционален начин во интерес пред се на локалните бизниси кои гравитираат околу туризмот.
Делчево има огромен потенцијал да се претвори во нова спектакуларна и неоткриена туристичка дестинација поради многу аргументи и факти, но она што недостигаше до сега е токму ваков институционален пристап на порганизирано и повисоко ниво,
Денеска Градоначалникот Гоцевски и Министерот Андоновски беа пречекани од страна на Директорот на Центарот за култура во Делчево Златко Начовски и со дел од вработените кои што ќе работат во оваа туристичко информативноп биро.
“Ми претставува посебно задоволство што денеска во Делчево го отвораме првиот Туристички културен информатор – простор преку кој сакаме на еден современ, организиран и препознатлив начин да го претставиме најдоброто од Делчево и Пијанец.
Посебно ми е драго што денеска со нас е министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Неговото присуство е дополнителна потврда дека локалниот развој и дигиталната трансформација треба да одат заедно. Нашата цел е Делчево да биде општина која ја чува својата традиција и идентитет, но истовремено смело ги користи современите технологии за да создава нови можности.
Токму затоа, Туристичкиот културен информатор го гледаме како важна основа за развој на туризмот, но и како место каде што ќе се поврзуваат културата, туризмот, локалната економија и современите дигитални можности. Сакаме секој посетител кој ќе дојде во Делчево да добие причина да остане подолго, да истражи повеќе и повторно да се врати.
Благодарност до НУКЦ „Никола Јонков Вапцаров“ за партнерството во реализацијата, посебно до Министерството за дигитална трансформација, за нивната поддршка во опремувањето на центарот, како и до сите кои придонесоа оваа идеја да стане реалност.
Денеска испишуваме нова страница во туристичката промоција на Делчево. Но, ова не е крајот – ова е почеток на една поголема приказна во која сакаме Пијанец да стане препознатлива туристичка дестинација, а Делчево место кое вреди да се посети, да се доживее и да се запомни.“
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Гоцевски во врска со реализацијата на овој проект.
Изјавите на Градоначалникот Гоцевск, Министерот Андоновски и Директорот Начовски ги пренесуваме во продолжение

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски: „One Stop Shop“ ќе ги доближи Македонија и Албанија и ќе го поттикне туризмот
Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола