Денеска на граничниот премин Табановце беше промовирана новата техничка опрема и воведените нови практики и процедури во управувањето со царинскиот систем во Македонија, пред се во интерес на граѓаните на Република Македонија а потоа и во интерес на регионалните интереси на меѓународна сцена. Станува збор за интегриран проект на реформи, проследени со опррема хардвер и софтвер кои овозможуваат поголема ефикасност во спроведувањето на царинските постапки од страна на вработените на Царинската управа на Македонија.
На настанот за промоција на овие реформи и опрема свое обраќање имаше и Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски кој ја истакна важноста на постојаното осовременување на Царинската управа со што оваа важна институција ќе одговори на сите модерни предизвици од својопт домен на работа.

“За мене претставува особена чест и задоволство што можам денеска да се обратам на овој настан.
Ќе се потрудам да бидам краток бидејќи техничките параметри за опремата и начинот како е стигната оваа опрема овде, на овој граничен премин веќе претходните говорници ги кажаа.
Би сакал да им честитам на колегите од царината, да со оваа опрема практично ја зголемат ефикасноста и борбата да ја интензивираат против организираниот криминал и корупцијата.
Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија.
Вие сте практично на првата линија на одбраната на законот и на владеењето на правото и затоа ќе треба во таа насока да продолжите и во периодот којшто следи да се движите. За жал имаме и такви случаи кога има поединци коишто се одлучуваат да бидат сојузници на криминалот и криминалците, се надевам дека тоа се само мали, несреќни епизоди и исклучоци.

Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и порано или подоцна сакам јасно да кажам на македонската јавност и на граѓаните дека тие ќе бидат фатени изведени пред лицето на правдата.
Да се занимавате со криминал мора да биде неисплатлива работа и тоа е главната цел на оваа Влада.
Би сакал да се заблагодарам и на амбасадорот Рокас, за неговата поддршка, за сето тоа што го прави за нас и за земјата, да се заблагодарам на директорот на царината, заедно на сите царински службеници, луѓе кои чесно си работат и се грижат за иднината на земјата, на министерката за финансии којашто заедно со мене во владата дава несебична поддршка за работењето на царината.

Јас би сакал да кажам дека и во иднина ќе продолжиме исто така да ја поддржуваме работата на царината и очекувам од царината на овие добри резултати уште подобри резултати за да сите заедно дојдеме до одлични резултати иако до сега можам да кажам сме исклучително задоволни од сработеното на македонската царина.
Така што еве нека е со среќа користењето на новата опрема, на донацијата од страна на Европската унија и да докажеме сите заедно дека професијата да се биде криминалец е неисплатлива.”
-рече во своето обраќање Премирот Мицкоски од денешниот на грамичниот премин Табановце

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене