И покрај големиот број на апели во минатото како од страна на нашиот интернет портал
така и од страна на советниците во делчевскиот совет
сепак делчевските пожарникари мораат по судски пат да си ги бараат заработените пари кои што им следуваат по закон.
На социјалните мрежи тие објавуваат Пресуди од Основниот Суд во Делчево во кои што стојат поголеми износи на пари кои што Општина Делчево предводена од Градоначалникот Горан Трајковски треба да им ги исплати за нивната работа во минатото.
Ваквиот однос на Градоначалникот на Делчево Трајковски кон своите вработени допринесува за рушење на угледот на локалните институции кои што се под негова надлежност, чии што вработени наместо да бидат фокусирани на работата, тие мораат да талкаат по судските лавиринти за да си ги остварат своите работнички права.
Вработените во ТППЕ Делчево се првата линија на заштита и спасување во случаи на пожари, евентуални сообраќајки каде е потребна нивна интервенција, поплави и останати ситуации од нивна надлежност во заштита на имотот и животите на делчевските сограѓани, и затоа ваквиот потценувачки однос кон нивната работа не е добредојден. Наместо да бидат наградени за својата пожртвуваност во нивната работа, тие го молат својот работодавач со години да им ги исплати законските плати и надоместоци, за на крај да мораат по судски пат истите да ги наплатуваат со дополнителни судски и адвокатски трошоци на штета на општинскиот Буџет.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга