БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Демант од Началникот на СВР Штип кон изјавата на Директорот на БЈБ Сашо Тасевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна демант на Началникот на СВР Штип Александар Николов кон изјавата на Директорот на БЈП Сашо Тасевски со која упати лични квалификации на адреса на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Демантот го пренесуваме во целост:

“Јавноста треба да знае и да биде сигурна дека ова се само груби лаги и манипулации изнесени во денешната изјава на Тасевски. Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злоупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери. СВР Штип во изминатиот период покажа одлично справување со сите видови на криминал како и одржување на поволна безбедносна состојба во поглед на Јавниот ред и мир на подрачјето на СВР Штип.
Јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што сум дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи министерот Наќе Чулев, кој пожртвувано се бори за правата на полициските службеници кои успешно се справуваа во борбата против пандемијата на КОВИД – 19.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Јас Александар Николов како Началник на СВР Штип уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите дадени во изјавата.

Со почит
Александар Николов Началник на СВР Штип”

Креирано од:


Пренеси го гласот