Денеска (петок-11 октомври 2026 година) Градоначалничката на општина Македонска Каменица пред споменикот на Народниот хероуј Вера Јоциќ во центарот на градот одаде почит по повод 11 Октомври- Денот на народното востание на Македонија во Втората Светска Војна.
“По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денес со полагање свежо цвеќе пред споменикот на народната хероина Вера Јоциќ во Македонска Каменица, оддадовме почит на хероите кои ги положија своите животи за слободата на македонскиот народ.
Во рамки на одбележувањето, општинска делегација положи свежо цвеќе и пред споменикот на Вера Јоциќ во село Саса, оддавајќи почит на нејзиното револуционерно дело и историско наследство.
Овој значаен датум нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и непокорот на генерациите кои се бореа за слободна Македонија.
Наша должност е да го чуваме споменот на нивното дело, да ги негуваме вредностите на слободата и единството и да им ги пренесуваме на идните генерации.
Нека е вечна славата на хероите!
Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание!”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова по повод ова одбележување.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина