Во соопштение упатено до јавноста политичката партија Левица ги информира граѓаните дека денеска петок 05.04.2024 година претседателскиот кандидат Билјана Ванковска ќе биде помеѓу жителите на Штип.
Во придружба на Ванковска ќе бида досегашниот пратеник Борислав Крмов како и останати функционери на Левица.
Според агендата во 13:00 ч. Ванковска ќе има средба со граѓани на Градски пазар – Штип;
Во 13:30 часот ќе даде изјава за медиумите на самиот Градски пазар по што во 13:45 часот ќе заминат кај НАМА, каде во 14:00 часот, ќе имаат средба со граѓани, а во 14:40 ќе пристапат кон положување цвеќе пред Театарот во очи Денот на бомбардирањето на Штип, 6 Април.
.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година