БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска во Делчево одбележан 9 Мај- Денот на победата над фашизмот и денот на Европа

Пренеси го гласот

Денеска пред споменикот на паднатите борци од НОВ и ПОМ во центарот на Делчево беше одбележана 79 годишнината од Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Во организација на општина Делчево делегации на општински институции положија букети со свежо цвеќе пред Споменикот на НОБ и ПОМ во центарот на Делчево.

“По повод 79 години од победата над фашизмот и 73 години од Денот на Европа, во Делчево денеска се одржа пригодна свеченост. Пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ подготвија пригоден реферат за НОБ во Македонија и победата над фашизмот, како и реферат за 9 Мај, Денот на Европа.

Во рамките на одбележувањето, пред споменикот на паднатите борци се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.

На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваше 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Пијанец во Втората светска војна во борбата против фашизмот дало 150 жртви. Во нивна чест во центарот на Делчево е подигнат монументален споменик на кој се испишани нивните имиња, како и пораката „Сонцељубиви, зар без вас ќе бевме она што сме, не смрт без слобода, не без Македонија“.

Во склоп на програмата за чествување на овие два значајни настани со почеток од 12.00 часот во салата Спомен-дом АСНОМ се одржа младински квиз на тема „Младите низ институциите на ЕУ“- учесници се ученици од Ученичката заедница од СОУ „М.М.Брицо“”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на општина Длечево по повод денешниот настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот